Гутереш загрижен поради долгиот процес при издавање визи од САД за руски службеници

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повеќе пати изрази загриженост до Вашингтон подари одолговлекувањето при издавање визи за руски и службеници од други држави кои доаѓаат во седиштето на Светската организација во Њујорк, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик, откако Москва го обвини Гутереш дека го игнорира проблемот.

Москва соопшти дека Вашингтон намерно го одложува издавањето визи за руските службеници, што би можело дополнително да ги отежне веќе затегнатите односи меѓу двете држави.

– Со месеци, генералниот секретар и Правниот совет на ОН изразуваа загриженост до високи функционери на земјата домаќин на ОН, истакна Дижарик во соопштение.

Во најновиот извештај на Комитетот на ОН за односи со САД, земјата домаќин на Светската организација, се наведува дека и други земји, како Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија и Куба, се жалат проблеми од страна на американските власти при издавање визи за нивните службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот