Гутереш: Пандемијата на Ковид19 е закана и по светскиот мир

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KAPPELER / POOL

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот.

– Пандемијата претставува голема закана од конфликт и затоа апелирам за глобален прекин на огнот, изјави Гутереш по повод 39 годишнината од Меѓународниот ден на мирот што секоја година се одбележува на 21 септември.

Тој додаде дека мирот е „стремеж што е толку силен, колку и нашето убедување, но и толку траен колку и нашата надеж”.

– Градењето на мирни и стабилни општества може да трае со децении, дури и со векови. Но, мирот може да биде нарушен од несовесни и разединувачки политики. Надвор од воените зони, пандемијата ги потенцира и експлоатира нееднаквостите од секаков вид, насочувајќи ги општествата и државите едни против други, наведе Гутереш.

Тој повика да се интензивираат напори за „да се донесе мир секаде каде има конфликти и каде има дипломатски капацитет за замолчување на оружјето”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот