Грузискиот парламент почна процедура за отфрлање на ветото на законот за странски агенти

Протести во Грузија/Фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI

Грузискиот парламент во понеделник ќе ја почне процедурата за поништување на ветото на претседателот Саломе Зурабишвили на законот за странски агенти, се наведува на веб-страницата на парламентот.

Собраниската комисија за правни прашања треба да се состане в понеделник во 9 часот по локално време за да го разгледа ветото на претседателот на законот за странски агенти. Доколку Комитетот се согласи да го поништи ветото, за ова прашање ќе се расправа на пленарната седница на 28 мај, пренесува ТАСС.

За надминување на претседателското вето потребно е одобрение од најмалку 76 од 150 членови на еднодомниот парламент. Владејачката партија Грузиски сон-Демократска Грузија има 84 пратенички места. Доколку ветото се поништи, предлог-законот се враќа на потпис кај претседателот. Во случај Зурабишвили повторно да одбие да го потпише документот, истиот ќе биде потпишан и објавен од претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.По неговото објавување, ќе стапи на сила законот „За транспарентност на странско влијание“.

Конечната верзија на контроверзниот закон за „странски агенти“, кој грузискиот парламент го усвои во третото и последно читање на 14 мај, беше изменета на 17 мај за да предвиди казни за поединци за неоткривање информации за агенти со „странско влијание“.

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили, која е непартиска личност, стави вето на овој закон на 18 мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот