Група писатели ја тужат Нвидиа

Нвидиа / Фото EPA/RITCHIE B. TONGO

Група писатели го тужи американскиот производител на чипови Нвидиа, тврдејќи дека неовластено ги користела нивните книги за да ја подучува платформата за вештачка интелигенција НеМо.

„До минатиот октомври, Нвидиа ги користеше нашите дела во базата на податоци од околу 196.640 книги за да симулира пишан јазик, а потоа ги отстрани поради пријавено прекршување на авторските права“, велат Брајан Кин, Абди Наземиан и Стјуарт О’Нан.

Во предложената тужба за колективна акција, поднесена минатиот петок навечер пред федералниот суд во Сан Франциско, авторите истакнуваат дека со отстранувањето на нивната работа, Нвидиа „призна“ дека го обучувала НеМо за таа база на податоци, што значи дека ги прекршила нивните авторски права.

Кин, Наземијан и О’Нан бараат неодредена отштета за авторите во Соединетите Држави чии дела заштитени со авторски права Нвидиа ги користела за обука на „големите јазични модели“ на НеМо во последните три години.

Групата дела наведени во тужбата ги вклучува романот на Кин од 2008 година „Прошетка на духови“, романот на Наземјан од 2019 година „Како љубовна приказна“ и новелата на О’Нан од 2007 година „Минатата ноќ кај јастогот“. Нвидиа одби да ја коментира тужбата.

Сè повеќе писатели поднесуваат тужби против Нвидиа, но и против медиумскиот гигант Њујорк Тајмс, поради генеративната вештачка интелигенција која создава нова содржина врз основа на внесување текст, слика и аудио податоци.

Нвидиа ја промовира платформата НеМо како брз и достапен метод за усвојување на генеративна вештачка интелигенција. Авторите неодамна поднесоа тужби против други компании, вклучувајќи го ОпенАИ и неговиот партнер Мајкрософт.

Зголемувањето на вештачката интелигенција на Нвидиа ја направи миленик на инвеститорите, а нејзината цена на акциите се зголеми речиси четирикратно од крајот на 2022 година, давајќи ѝ на компанијата пазарна вредност од речиси 2,2 трилиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот