Груби со план до Владата за распределба на државни службеници: „Прекоманда“ за 1357 вработени во 258 институции

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопшти дека денеска, во согласност со законските обврски до Владата на Република Северна Македонија, ги доставила информациите со планот за распределба на административните службеници.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го достави планот за распределба на административните службеници на две недели пред крајниот рок утврден од Владата.

– Согласно член 4 став (1) од Законот за преземање на административни службеници вработени преку K5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вкупно 1.357 административни службеници ќе бидат распределени во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот, се наведува во соопштението.

Оваа категорија вработени, како што се наведува, ќе бидат систематизирани во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции.

Со Планот, според Груби, се опфатени вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година.

Согласно планот, вработениот ќе биде распореден во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, рекол Груби, се наведува во соопштението од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот