Груби на средба со специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан

Фото МИА

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан, Анжеј Франгеш и Арне Санес Бјорнстад.

Како што соопшти Министерството, Груби, Франгеш и Бјорнстад разговарале за европската перспектива на земјата, за успешно надминатите предизвици преку Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за важноста од одобрување на уставните измени и спроведување на сите потребни реформи за реализација на Евроинтеграциска аспирација на Северна Македонија.

Првиот потпретседател на Владата Груби ги информирал специјалните претставници за Западен Балкан, Франгеш и Бјорнстад за посветеноста на Владата за натамошно зајакнување на развојниот пат на земјата во проевропски дух, за историскиот договор потпишан за изградба на Коридорот 8 и 10Д, кои се од големо значење за зајакнување на економската соработка меѓу земјите од регионот и значат исполнувањето на европскиот стандард на современа инфраструктурна интерконекција меѓу земјите.

Во текот на разговорот со Франгеш и Бјорнстад, Груби побарал поддршка од Република Словенија и Кралството Норвешка во клучните моменти за европската иднина на земјата.

Исто така, специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан ги искажале позициите на нивните земји за поддршка на интеграциската аспирација на Северна Македонија во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот