Мигранти со чамец / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Гробница во Средоземното Море: Речиси 30.000 мртви мигранти за 10 години

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека во 2025 година повеќе од 1.000 мигранти ќе загинат обидувајќи се да го преминат Централниот Медитеран, кој се смета за еден од најопасните патишта во светот. Од 2014 година, најмалку 25.673 луѓе загинале на оваа рута.

Една од последните несреќи се случи на 3 ноември кога гумен чамец потона покрај брегот на Либија, а 42 мигранти, претежно од Судан, исчезнаа, објави RTVE.

„Овој трагичен инцидент, само неколку недели по слични несреќи во близина на италијанскиот остров Лампедуза, ја покажува постојаната опасност на која се изложени бегалците и мигрантите за време на нивните патувања“, соопшти организацијата IOM.

Според извештаите, целта на мигрантите од северноафриканските земји кои патуваат по оваа рута е да стигнат до италијанскиот брег.

Додека во претходните години, мигрантите најчесто заминуваа од Либија, сега повеќето од нив заминуваат од Тунис, Египет или Алжир, според Rtve. Посебно зголемување на бројот на заминувања е забележано од Тунис, а во 2020 година, граѓаните на оваа земја сочинуваа над 60 проценти од вкупниот број мигранти што го преминуваат Медитеранот, според IOM.

Откако организацијата започна да го евидентира бројот на загинати и исчезнати мигранти во 2014 година преку својот проект „Исчезнати мигранти“, најмалку 25.673 лица ги загубија животите во Централниот Медитеран, што е една третина од 78.000 смртни случаи во светот.

Најголем број смртни случаи на мигранти е забележан во 2016 година, кога загинаа 4.574 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот