Грците испраќаат четири милион смс пораки неделно за излегување од дома за карантинот

Фото: Илустрација

Околу четири милиони смс пораки се испраќаат секоја седмица во Грција, за излегување од дома за време на карантинот, според министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис,  јави дописничката на МИА од Атина.

Пиеракакис, говорејќи за телевизијата „Скај” рече дека минатата седмица, кога беа отворени продавниците имало за 13 отсто зголемен број испратени смс пораки во споредба со претходно.

Од 7 ноември кога беше воведен карантинот во Грција, граѓаните, при секое излегување од дома потребно е да испратат смс порака и да изберат една од шесте понудени опции.

Со отворањето на продавниците минатиот понеделник, за шопинг, Грците имаат на располагање два часа, по претходно испратена смс порака, а поради гужвите, за да имаат повеќе време, некои по неколку пати испраќаат порака, бришејќи ги претходните.

Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис ја отфрли можноста да биде воведена опција за ограничувањето на бројот на испратени смс пораки, но рече дека се разгледува воведување нов систем, преку интернет платформа што точно ќе го мери времето по регистрацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот