Грчките власти во офанзива против Лаура Ковеши — користела „тактики на Чаушеску“
Десничарската владејачка партија во Грција тргна во офанзива против главната европска обвинителка Лаура Ковеши во врска со нејзината истрага за масовниот корупциски скандал во Атина во кој се вклучени стотици милиони евра од земјоделските фондови на ЕУ, објави Политико.
Препорачано
Членовите на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис се тесно поврзани со истрагата на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, а неколку министри и заменик-министри веќе беа принудени да дадат оставка. Во последните денови, политичарите од Нова демократија реагираа многу поагресивно на случајот, честопати упатувајќи многу лични напади врз Ковеши и нејзината истрага. Тие ги критикуваа нејзините случаи како „смешни“ и – бидејќи е Романка – ја обвинија дека ги користи тактиките на комунистичката полициска држава на Николае Чаушеску.
„Пристапот што го усвои ЕППО ми остава впечаток за организирано и целно политичко мешање и покренува сериозни прашања во мојот ум за тоа дали бевме во право што ја поддржавме оваа институција“, изјави напиша министерот за здравство Адонис Георгијадис.
Заменик-министероката за миграција и азил Софија Вултепси се обиде да ја прикаже Ковеши како обликувана од режимот на Чаушеску, кој падна во 1989 година, осврнувајќи се на употребата на „информатори“ – навидум правејќи паралела со информаторите во грчкиот случај за корупција.
„Тие доаѓаат од земја без традиција за поделба на власта. Под Чаушеску, децата беа принудени да ги кодошат своите родители… Не сакам правда во стилот на Чаушеску во Грција., изјави таа за телевизијата Скај.
Мицотакис беше потивок во своите критики, но алудираше на политичка агенда жалејќи се на „селективни протекувања“ поврзани со случајот.
Скандалот со земјоделските средства што ја потресе Атина се фокусира на многу Грци кои неправилно добивале земјоделски субвенции за земјиште што не го поседувале или за земјоделска работа што не ја работеле.
Грчкиот парламент минатата среда гласаше за укинување на имунитетот на 13 пратеници на Нова демократија поради нивната наводна вмешаност во скандалот. Сите пратеници се бранеа, велејќи дека сакаат нивниот имунитет да биде укинат за да можат да ги исчистат своите имиња. Тие ги нарекоа обвиненијата против нив неосновани.
Зборувајќи на годишниот Делфи форум минатиот четврток, Ковеши ги отфрли критиките од политичарите на Нова демократија и го бранеше својот тим во Грција.
„Мислам дека целата оваа врева е обид да се префрли дискусијата од вистинската тема“, рече таа, додека Георгијадис ја гледаше од првиот ред.
„Главната тема овде е што навистина се случи и кој е одговорен за што. ОПЕКЕПЕ е акроним за корупција, непотизам и клиентелизам… Тие се дефинирани како кривично дело во грчкиот закон и во речиси сите други членки на ЕУ. Никој во светот нема да нè убеди дека овие категории се дел од описите на работните места на политичарите, овде во Грција или некаде во ЕУ. Уморна сум од слушање: Вака ги правиме работите овде во Грција. Навистина? Не мислам така“, продолжи таа, додавајќи дека добива писма за поддршка од Грци – вклучително и еден од земјоделец кој рекол дека не може да добива субвенции затоа што не познава никого на политичко ниво.
Ковеши потврди дека добила и жалби во врска со злоупотреба на средства во здравствениот сектор. Како одговор на отворено изразените закани од Георгијадис дека мандатите на некои од нејзините обвинители во канцеларијата во Атина, кои истекуваат за неколку месеци, нема да бидат обновени, таа тврдеше дека сите несогласувања би можеле да се решат на Европскиот суд на правдата.
into a massive corruption scandal in Athens involving hundreds of millions of euros of EU farm funds.https://t.co/5XCrMUJxwI
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) April 27, 2026
Се знае кој ќе ја наследи главната европска обвинителка Лаура Ковеши


