Се знае кој ќе ја наследи главната европска обвинителка Лаура Ковеши

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го предложи Андрес Ритер за кандидат на таа клучна европска институција за позицијата нов главен европски обвинител, бидејќи мандатот на сегашната обвинителка Лаура Ковеши истекува следната година во октомври.

Ритер е германски обвинител и е актуелен заменик-главен европски обвинител, пишува Euractiv.

Во соопштението за медиумите од Европскиот парламент се наведува дека пратениците кои припаѓаат на комисиите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи гласале за кандидатите за следниот европски јавен обвинител, кој ќе ја води функцијата на европскиот јавен обвинител во следните седум години.

Андрес Ритер доби најмногу гласови, односно 46, Стефано Кастелани доби 11, Емилио Хесус Санчез Улед седум, а Ингрид Машл-Клаусен доби четири гласа.

Со изборот на својот кандидат, Европскиот парламент сега е подготвен за преговори со Европскиот совет со цел да се постигне договор за новиот обвинител.

Романката Лаура Ковеши е првата обвинителка на EPPO со седиште во Луксембург и ја презеде функцијата во октомври 2019 година.

Шестгодишниот мандат на Ковеши е препознатлив по неколку истраги од висок профил – вклучувајќи случаи поврзани со грчки министри, преговори за набавка на вакцини од ЕУ, Европската народна партија и наводна злоупотреба на средствата на ЕУ од страна на европратениците.

Водењето на EPPO се смета за едно од најсложените правни работни места во Европската Унија. Канцеларијата е задолжена за координирање на прекуграничните кривични истражители кои гонат поединци и организации обвинети за проневера на средства од ЕУ, од високи функционери до криминални групи.

Предавањето на должностите се очекува во октомври 2026 година, во време кога Брисел размислува за ревизија на својата архитектура против измами. Таа реформа би можела да му даде на EPPO проширени овластувања за истражување и заштита на следниот долгорочен буџет на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот