Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини  ,,Дојрани“ и ,, Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај  до 15.08.2020 (сабота).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот