Грчката црква го обвини Израел за кршење на слободата на верниците, Тел Авив го ограничи бројот на верници на најсветиот ден

Грчката православна црква (Ерусалимска патријаршија) денеска ја обвини израелската полиција за кршење на слободата на верниците со ограничување на бројот на аџии кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган во услови на зголемени тензии.

Израелската полиција соопшти дека тоа била неопходна безбедносна мерка за време на саботната прослава во древната црква на Светиот гроб од 13 век, изградена на местото каде што, според христијанската традиција, Исус бил распнат, погребан и воскреснал.

Оваа година, церемонијата ќе се одржи по бранот насилство во Стариот град во Ерусалим, предизвикан од рација на израелската полиција на храмот во кој се наоѓа џамијата Ал Акса, третата по важност во исламот.

Тензиите прераснаа во регионален конфликт меѓу Израел и Хамас и напад на екстремистите на окупираниот Западен Брег каде беа убиени две сестри Израелки и нивната мајка.

Минатата година, израелските власти воведоа слични ограничувања за време на церемонијата во црквата на Светиот гроб, а сега најавија дека сакаат да спречат уште една катастрофа како онаа кога 45 лица загинаа во стампедо на еврејското свето место во северен Израел во 2021 година.

Христијанските лидери меѓутоа сметаат дека нема потреба да се менува церемонијата која се одржува со векови.

Православните христијани веруваат дека во саботата пред Велигден пламен се појавува во црквата на Светиот гроб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот