Граѓанското општество е загрижено што Косовската влада не ја поништи одлуката за именување главен инспектор за труд

Фото МИА.мк

Конзорциум од граѓански организации, составен од Групата за правно-политички студии (ГППС), Институтот ГАП и Институтот за развојна политика (ИРП), изразија длабока загриженост дека косовската влада не ја поништи „незаконската“ одлука за именување главен трудов инспектор Хекуран Никчи, пренесува Коха.

„Помина повеќе од една година кога Независниот надзорен совет за државната служба на Косово по вонреден мониторинг донесе одлука за укинување на одлуката за именување на главен инспектор. Советот утврди дека функцијата главен инспектор на Трудовиот инспекторат спаѓа во категоријата на високо раководни позиции во државната служба и како таква подлежи на правниот режим на Законот за државните службеници“, наведуваат од Конзорциумот на граѓански организации.

Исто така, потсетуваат дека Основниот суд во Приштина и Апелациониот суд го одбиле како неосновано барањето за одложување на извршувањето на одлуката на Самостојниот надзорен орган на Советот на државната служба на Косово поднесено од Министерството за финансии, труд и трансфери.

„Основниот суд во Приштина го отфрли како неосновано и тужбеното барање на Министерството за финансии кое бараше поништување на одлуката“, додаваат од Конзорциумот.

Напоменуваат дека, освен што не ја укина одлуката, Владата неодамна го именуваше Хекуран Никчи за член на Фондот за здравствено осигурување.

„Затоа бараме да се почитуваат одлуките на надлежните органи и да се поништи незаконското решение“, се вели во соопштението.

Никчи беше назначен за главен инспектор за труд во мај 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот