ЕВН - броила за струја / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Граѓаните од телефон ќе може да следат колку струја трошат — РКЕ најави паметни броила

Законот за енергетика е во сила, а операторите на пренос и дистрибуција на електрична енергија имаат обврска да изработат анализа за воведување паметни мерни системи, таканаречени „smart meters“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Целта на воведувањето на паметните броила, како што велат од РКЕ е зголемување на транспарентноста и довербата во системот за мерење на електричната енергија, како и овозможување на граѓаните во секое време самостојно да ја следат својата потрошувачка преку мобилен уред или онлајн платформа.

„Операторите на пренос и дистрибуција треба да направат детална анализа за воведување паметни мерни системи. Во овој момент се спроведува техничка анализа, а крајната цел е секој граѓанин да има увид во реалната потрошувачка на електрична енергија“, изјави Апостолчо Рамов, раководител на Секторот за информатичка технологија и статистика во РКЕ.

Според него, дигитализацијата на мерните системи ќе придонесе за елиминирање на долгогодишните дилеми кај потрошувачите дали сметките за струја се реални или пресметани врз основа на претпоставена потрошувачка.

„Со воведувањето на паметните броила ќе се зголеми довербата во системот – граѓаните точно ќе знаат колку трошат и за што плаќаат“, посочи Рамов.

Од РКЕ најавуваат дека воведувањето на smart meters е еден од клучните чекори во процесот на дигитализација на енергетскиот сектор, со цел создавање стабилен, модерен и транспарентен енергетски систем во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот