Градоначалникот на Крушево е позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на коронавирусот. Тој првите симптоми ги почувствувал во неделата навечер, а веќе во понеделникот тестот покажал дека е позитивен.

– Од почетокот на кризата со коронавирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и не секогаш можеме да го избегнеме. Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова. Почитувајте ги мерките за заштита, носете маска, вршете дезинфекција и држете меѓусебно растојание, само така ќе се заштитите себеси, но и другите, напиша Христоски на својот Фејсбук профил.

Патем, вчера градоначалниците на Центар и Прилеп, исто така, споделија дека се позитивни на коронавирусот.

Саша Богдановиќ позитивен на ковид-19

 

Градоначалникот на Прилеп, Јованоски: Позитивен сум на ковид-19, имам 37,6 степени температура и болки во мускулите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот