Градоначалникот на Харков: Русија гранатира цивилна инфраструктура

Ихор Терехов/ Фото: ЕПА

Градоначалникот на украинскиот град Харков, Ихор Терехов ги обвини руските сили дека намерно гранатираат цивилна инфраструктура.

„Напади има врз градинки, училишта, болници, клиники”, изјави градоначалникот денеска за Си-Ен-Ен, јавува ДПА.

„Кога се стотици и стотици цивилни згради, тогаш тоа не е несреќа. Тоа е таргетиран напад”, изјави Терехов, додавајќи дека „го смета ова за акт на геноцид врз градот Харков”.

Терехов, изјави дека градот со околу 1,5 милиони жители, е под постојан ракетен напад. Вода и греење има во зградите, кои сè уште не се оштетени од гранатирањето, рече Терехов, нагласувајќи дека работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Жителите на градот имаат потреба од храна, лекови и топла облека.

Терехов, исто така, изрази убедување дека Украина нема да ја загуби војната. „Јас сум апсолутно убеден дека ќе ги победиме Русите”, изјави Терехов.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: ЕК подготвува нови санкции

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот