Градоначалникот на Белград не пријавил дека купил вила од 820 илјади евра во Трст

Александар Шапиќ
Александар Шапиќ / Фото: Фејсбук, Александар Шапиќ

Белградскиот градоначалник Александар Шапиќ се најде на удар на јавноста зашто во српската Агенција за спречување корупција не ја пријавил вилата, која во 2018 година ја купил во Трст, за 820 илјади евра поради што тамошната опозиција бара негова оставка, објави Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Поранешниот ватерполо репрезентативец и потпретседател на централниот одбор на Српската напредна странка (СНС), на чиј предлог и бил избран за градоначалник, во времето на купувањето на вилата бил претседател на белградската општина Нови Белград.

– Вилата ја купил врз основа на пријавениот престој во Трст, а судејќи по договорот, тој имал намера да ги искористи и италијанските даночни олеснувања за плаќање на помал данок при купување недвижности – објасни БИРН.

Притоа, на Шапиќ му се забележува и дека непрописно и без градежна дозвола ја доѕидал куќата во која има стан од 340 метри квадратни и дека издејствувал легализирање на надградбата во белградската населба Бежанијска Коса.

Според податоците од италијанскиот катастар, на кои се повикува БИРН, вилата на Шапиќ има површина од 400 метри квадратни, а во купопродажниот договор од 2018 година стои дека е платена 820 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот