Градинката „Буба Мара” со нови дворни површини

Стручниот и воспитниот тим на детската градинка „Буба Мара” во скопската населба Ново Лисиче летово ги уредија дворните површини на објектите за успешен почеток на новата учебната година.

Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром со донација на дрвја, кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце” во Реонски центар – Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект.

– Општината донираше и клупи и канти за отпадоци на градинката. Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности, кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој, велат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот