Град Скопје објави тендер за автобуско метро од Ѓорче до Ново Лисиче

Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Просечната должина на оваа траса за автобуското метро е 12,81 километри, а во документацијата пишува дека приближниот број на патници кои ја користат оваа траса на дневно ниво е 65 000.

Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на брз автобуски систем – БРТ (автобуско метро) за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче. Како што објави 360 степени, крајниот рок за поднесување на понуди е 3 септември.

За најповолна понуда, пишува во тендерската документација, ќе биде избрана онаа која ќе биде оценета како економски најисплатлива односно која ќе освои најголем збир на бодови за секој поделемент, од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Цената и квалитетот ќе бидат подеднакво вреднувани, односно и за едниот и за другиот критериум се предвидени по максимални 50 бодови. Просечната должина на оваа траса за автобуското метро е 12,81 километри, а во документацијата пишува дека приближниот број на патници кои ја користат оваа траса на дневно ниво е 65 000.

Според анализите на Секторот за сообраќај на Град Скопје, кои се наведени во документите, оддалеченоста помеѓу автобуските би била помеѓу 500 и 900 метри. Вкупното време кое би било потребно да се помине оваа траса е 35 минути. Сепак, се нагласува во тендерската документација, проектантот може да предложи нова микролокација на автобуските стојалишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот