Шилегов: Град Скопје ќе плати 100 000 евра за настапот на Дино Мерлин, ама од спонзорства

Фото: Слободен печат

По денешните пишувања на Курир.рс за наводна сума од 100 000 евра која Град Скопје ќе му ја исплати на Дино Мерлин, за да ги забавува скопјани за дочекот на 2020 година, со коментар на Фејсбук се огласи и градоначалникот Петре Шилегов. Еве што напиша тој:

Почитувани непочитувачи ?, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски).

А колку чини среќата на Скопјани ?

Еве Ви фотографии.

Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени.

Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот.

Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената.

Со почит !!!

Инаку, уште пред два месеца, Град Скопје го најави настапот на Дино Мерлин, за новогодишната ноќ, но во таа прилика беше објавено дека за популарниот пејач Градот нема да плати ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот