Готово: Де Лихт ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен

Матијс де Лихт, играчот на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт наскоро ќе биде член на минхенски Баерн. Двете страни постигнаа вербален договор околу трансферот на поранешниот капитен на Ајакс, а овој трансфер ќе ги чини Баварците 80 милиони евра.

Холандскиот фудбалер ги договори личните услови со германскиот шампион и ќе потпише петгодишен договор.

Да потсетиме, Де Лихт има договор со Јувентус до јуни 2024 година, а раководството на клубот веќе неколку месеци се обидува да му го продолжи договорот.

Но, играчот сака да си замине, како што потврди директорот на Јувентус, Маурицио Аривабене.

Во 2019 година, Де Лихт се пресели од Ајакс во Јувентус за 85,5 милиони евра. Тој одигра 117 натпревари за „црно-белите“ од Торино, постигна осум гола и ја освои титулата во Серија А во својата прва сезона (2019/20).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот