„Готен“ го објави романот „Средиштето на светот“ од Андреас Штајнхефел

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Средиштето на светот“ од германскиот писател Андреас Штајнхефел. Преводот од германски јазик е на Ива Фиданчева.

„Средиштето на светот“ е роман за проблемите поврзани со растењето, пубертетот, зависта и љубомората, пријателството и љубовта. Наменет е за тинејџерската читателска публика. Станува збор за своевиден прозен реквием за туѓото во нас, за совршената важност на љубовта, за бескрајната потрага по човечноста и за насушната потреба од рационалноста.

Штајнхефел со овој роман отвора многу прашања. Иако пишуван на крајот од деведесеттите, во романот ја има атмосферата на отуѓеноста на дваесет и првиот век. Овој роман зборува и за вечната дисонантност на ниво на толеранцијата, она што е и тоа како потребно во време кога и војните, а и болестите чукаат на вратата.

Најпосле, Штајнхефел со својот роман говори дека сите во својот животен пат некаде сме тргнале, но дека конечно не знаеме каде ќе стигнеме, како и дека секоја станица во животот е ново искуство кое ни ја пишува биографијата и прави од нас подобри или покомплексни луѓе.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 135, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 2-3 јули 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот