Гостиварец сексуално се изживувал врз Македонка и Русинка

Фото: МВР архива / илустрација

Јавното обвинителство против маж од Гостивар поднесе обвинение за кривично дело трговија со луѓе. Тој во период од јули до октомври минатата година во својот угостителски објект во гостиварско, на сила и со закана, применувајќи и психолошко насилство, сексуално и трудово експлоатирал Македонка и Русинка. Девојките работеле во угостителскиот објект, едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка.

„Искористувајќи ја состојбата на ранливост на дваесет и двегодишната македонка ѝ понудил заштита и времено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на неговиот угостителски објект и ѝ понудил работа. По одредено време, обвинетиот побарал за неговата услуга за заштита, девојката да прави сѐ што ќе ѝ каже бидејќи сметал дека таа е „негова сопственост и со неа ќе прави што сака“. И покрај противењето на девојката, обвинетиот не само што лично сексуално ја злоупотребувал, туку ја присилувал и да дава сексуални услуги и на други лица од кои наплаќал од 50 – 100 евра. За да може подолго да работи, ја принудувал да користи кокаин. Девојката добивала по 1.500 денари на две недели за извршувањето на работите во угостителскиот објект, кои обвинетиот веднаш ѝ ги земал. Воедно, тој насилно ѝ ја одзел и платежната картичка од која без нејзина согласност ја подигнал целата сума во износ од 18.000 евра, а исто така успеал противправно да ја пренесе сопственоста од автомобил, сопственост на девојката на неговиот син, кој по десетина дена истото го продал на трето лице. Воедно, државјанката на Руската Федерација, по претходна комуникација со познанички, пристигнала во нашата земја кон крајот на август 2021 година. Иако според првичниот договор таа требала да биде танчарка, обвинетиот покрај танцувањето барал и дополнителни услуги од неа односно да дава сексуални услуги на обвинетиот, неговите пријатели и гости во објектот за што наплаќал од 3.000 до 8.000 денари, а девојката не добивала ништо за возврат. Неможејќи да го издржи физичкото, психолошкото и сексуалното малтретирање девојката искористила погоден момент и го напуштила угостителскиот објект“ велат од ОЈО.

Предметниот обвинител ценејќи дека сеуште постојат околностите врз основа на кои му беше определена и продолжувана мерката притвор, му предложи на су

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот