Ѓорѓе Балашевиќ погребан со звуците на неговата омилена песна „Оливера“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денес, на 21 февруари, на Градските гробишта во Нови Сад во кругот на семејството и најблиските пријатели, а до вечното почивање го придружуваа тамбураши со неговата омилена песна „Оливера“.

Синот на Балашевиќ, Алекса, пристигнал прв на гробиштата, а сите влезови на Градските гробишта биле затворени.

Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.

Денешниот датум 21 февруари е прогласен за Ден на жалост на територијата на Нови Сад, одлучи градоначалникот Милош Вучевиќ.

“Ги исклучивме светлата во Градското собрание со цел да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион”, рече Вучевиќ на Твитер.

Балашевиќ почина во петокот, 19 февруари, во Клиничкиот центар во Нови Сад на 67-годишна возраст, од пневмонија предизвикана од вирусот корона.

Собири по повод смртта на Балашевиќ се одржаа низ цела Хрватска, во Сараево, Црна Гора и Македонија, но и во Белград и Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот