Горан Сугарески влегува во трка за кандидат за градоначалник на Прилеп

В.д. директорот на Царинската управа, Горан Сугарески попладнево на својот Фејсбук профил објави дека ќе поднесе кандидатура во СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори.

– Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа! Победа на која ќе бидеме горди! Зошто го правам ова сега, неколку месеци пред локалните избори? Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој. Јас целата своја досегашна политичка кариера ја поминав како политички фајтер, но кој никогаш не задавал удари под појас! Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на 6 месечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа, напиша Сугарески.

Во Фејсбук објавата, Сугарески пишува дека не сака да остави трошка сомнеж дека на било кој начин ќе го злоупотреби неговото учество во извршната власт за да влијае на постапката за избор на кандидат за градоначалник.

– Внатрепартиската процедура не смее да има ниту една дамка. Длабоко сум убеден дека ова е логичен и принципиелен демократски исчекор во една модерна, транспарентна и супер демократска партија како СДСМ. Тоа значи дека од 11 јули јас се враќам на моето работно место во Општина Прилеп, напиша Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот