Гонзалес Лаја: Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите

epa08558443 Spanish Foreign Affairs Minister, Arancha Gonzalez Laya, displays a report on the Spanish joint response to COVID-19 crisis as she addresses a press conference after the weekly Cabinet's meeting at La Moncloa Palace, in Madrid, Spain, 21 July 2020. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Шефицата на шпанската диломатија изјави дека жариштата на заразата во земјата се под целосна контрола, и дека нивната појава се очекува по укинувањето на рестриктивните мерки.

Шпанските власти тврдат дека пандемијата на коронавирусот во земјата е под контрола, откако Велика Британија воведе задолжителен карантин за сите туристи кои се враќаат од неа.

Неодмана дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус во Шпанија, откако властите ги олабавија рестриктивните мерки за борба против пандемијата. Некои региони во земјата сега повторно воведоа одредени мерки на ограничување за да се спречи ширењето на вирусот, вклучително и задолжителното носење маски.

-Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите, рече министерката за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја.

Велика Британија воведе задолжителен двонеделен карантин за сите оние кои доаѓаат од Шпанија. Оваа одлука стапи во сила денеска, само неколку часа по објавувањето, што предизвика незадоволство кај туристите и туристичките агенции. Одлуката значително влијаеше и на работата на авиокомпаниите.

Најголемиот британски тур-оператор Туи ги откажа сите патувања кон шпанското копно до 9 август, додека „Бритиш ервејс” се уште лета на досегашните дестинации, но истакнува дека новата владина мерка значително ги наруши плановите за одмор на илјадници Британци.

Според Би-Би-Си, во последните две недели дојде до тројно зголемување на бројот на случаи со Ковид-19 во оваа земја. Како и во другите земји каде епидемиолошката состојба се влошува, зголемувањето на бројот на нови инфекции во голема мерка е ограничено на неколку региони, вклучувајќи ги покраините Каталонија и Арагон.

Шефицата на шпанската диломатија изјави дека жариштата на заразата во земјата се под целосна контрола, и дека нивната појава се очекува по укинувањето на рестриктивните мерки.

Таа додаде дека Канарските и Балеарските острови, кои се популарна туристичка дестинација за туристите, немаат голем број на заболени и дека се „многу безбедни територии”.

Министерката, исто така, кажа дека властите ќе се обидат да ја убедат Велика Британија да ја укине одлуката за задолжителен карантин за луѓето кои се враќаат од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот