Големо свлечиште во Шипковица – „Напуштете ги домовите“, ги повика ЦУК жителите на шарпланинското село
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за големо и опасно свлечиште во тетовското село Шипковица.
Препорачано
Свлечиштето е во населено место и претставува опасност за жителите. Директно се загрозени четири куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се луѓе од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.
„Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта“, велат од ЦУК.
На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево-Истибања, каде што екипи на ЈП „Македонијапат“ редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.
Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на „ЈП Камена река“ е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно, додаваат од ЦУК.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
12мин
-
35мин
-
36мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


