Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Големо невреме на северот на Италија: Евакуација во Модена, патниот и железничкиот сообраќај во прекин

Обилните врнежи од дожд денеска предизвикаа поплави во северниот дел на Италија и беа причина за црвен аларм во делови на Венето, Фурланија и Болцано. Пожарникарските единици во Венето за само неколку часа направија над 400 итни интервенции.

– Поради опасност од лизгање на земјиштето и лавини, апелирам до сите да избегнуваат одење во подрачјето на Белуно, изјави Лука Заја, гувернер на регионот Венето, за агенцијата Анса.

Во Модена, во Реџо Емилија, се излеа реката Панаро поради што беше неопходна евакуација на жителите во некои подрачја, а дел од нив се советувани да се заштитат на погорните спратови на куќите. Пожарникарската служба доби засилување од колеги од Тоскана и Пиемонт.

Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Болцано и преминот Бренер на границата со Австрија, каде, шак, има обилни врнежи од снег. Поради опасност, пак, од лавини, стебла и камења, затворен е автопатот А22 меѓу Випитен и Бренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот