Фабио Капело/EPA/WU HONG

Големиот Капело брутално искрен: Цела ноќ око не склопив, ова е огромен срам

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело бурно реагираше по елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина во финалето од баражот за Светското првенство 2026, оценувајќи дека националниот тим се соочува со една од најтешките кризи во модерниот италијански фудбал.

„Цела ноќ не склопив око, сè уште не можам да поверувам што се случи. Зборуваме за трикратен светски шампион, ова е спортска трагедија, огромен срам. Една од најлошите работи што му се случиле на италијанскиот фудбал во поновата историја“, изјави Капело, не штедејќи критика кон ситуацијата.

Тој потенцира дека проблемот е многу подлабок од само резултатите на теренот, наведувајќи дека е потребна целосна реконструкција на системот.

„Мора да се соберат експерти, да се анализира што се случува и обновата да почне од темел. Проблемот не се само резултатите, туку структурата“, нагласи Капело.

Италијанскиот тренер ја истакна и неопходноста од сериозни инвестиции во младинскиот фудбал и создавање нова база за иднината на националниот тим.

„Ќе биде многу тешко да се опоравиме од ова, но верувам дека токму овој удар може да биде почеток на вистинска обнова. Италија мора повторно да се измисли“, додаде тој.

ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница

ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство

ВИДЕО | Историската победа на БиХ на трибините во Зеница ја славеше и Ѓоковиќ

ФОТО | Познати се сите 48 учесници на Светското првенство ова лето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот