Големи казни за двајца гостиварци кои не седеле во домашна изолација

Гостивар/Фото: МИА

За двајцата обвинети, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.​​

Двајца гостиварци од Јавното обвинителство се обвинети за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија.

Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па на 03.11.2020 година го напуштил домот. На наведената домашна адреса бил затекнат само неговиот син, кој кажал дека не знае каде е татко му. Следниот ден полициските службеници извршиле разговор со обвинетиот, кој потврдил дека го напуштил домот, пешки се движел покрај реката Вардар до селото Равен и назад, купил лекови од аптека и се вратил дома.

Вториот обвинет, пак, исто така имал Решение за лекување и изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од 6 минатиот месец требало да остане во домашна изолација во село Равен. Но, на 12 февруари без дозвола ја напуштил државата и со авионски лет од Меѓународниот аеродром Скопје отпатувал во Минхен, Германија.

За двајцата обвинети, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот