ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА: Што треба на овој ден да прават мајките и жените?

голема богородица

Се верува дека Богородица е заштитничка на сите живи суштества на светот.

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници и православната црква го празнува на 28 август, кога и завршува 14-дневниот пост.

Овој ден се слави во спомен на Пресвета Богородица, која се вознесла во небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот.

Според едни извори таа живеела 60, а според други 72 години, а во текот на целиот свој живот ја носела мисијата на својот син.

Во Светото писмо нема податоци за тоа како починала. На иконите, иконописците овој настан го прикажуваат со постела на која Богородица лежи, а од свете страни стојат светците со запалени свеќи. Меѓу нив се и св. апостол Павле и св. апостол Јован, христијанските писци кои го држат Евангелието, жени кои плачат, а над нејзе е Христос, кој ја држи нејзината душа, опкружен од ангелска светлост.

По двонеделниот пост, жените треба да се причестат. Во одредени краеви се смета дека меѓу Голема и Мала Богородица се берат лековити треви и дека тогаш нивното дејство е најсилно. Во многу манастири кои го носат нејзиното име се организираат народни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот