Голден Арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона (ФОТО)

фото: kl7.mk

Екипата предводена од Андон Бошковски, Билјана Црвенкоска и Димитар Маневски ги започнаa подготовките за новата сезона и ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на Ракометната федерција на Македонија, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.

Според претходно утврден план до 31 јули ќе се работи двапати на ден надвор од сала, додека после големиот македонски празник Илинден, стартувајќи од 03 август ќе се комбинираат тренинзите во сала и надвор.

Од 16 август тимот ќе замине на подготовки надвор од Скопје, каде што ќе се одиграат и повеќе подготвителни натпревари.

фото: kl7.mk

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот