Ѓоковиќ повторно во посета на пирамидите во БиХ

Новак Ѓоковиќ во посета на пирамидите во БиХ/принтскрин/Инстаграм

Првиот тенисер на АТП ранг листата пристигна во Сараево каде ќе ги посети пирамидите кои се наоѓаат во Високо.
Оваа информација ја потврдија медиумите во БиХ, со што Ѓоковиќ полека станува редовен посетител на босанските пирамиди, каде ќе биде гостин на Семир Османагиќ кој е основач на фондацијата „Археолошки парк – Босанска пирамида на сонцето“.

Првата посета на Ѓоковиќ на пирамидите во БиХ беше непосредно пред Ролан Гарос минатата година, а оваа година исто така ќе го посети Сараево пред најважниот турнир кој се игра на земјени терени.

– Новак ќе пристигне кога ќе има слободно време во својот распоред. Вети дека и годинава ќе не посети – изјави Османагиќ пред неколку денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот