Ѓоковиќ без финале на „Адриа Тур“

фото: твитер

Тоа значи дека веројатно Филип Крајиновиќ ќе оди во финалето, а првиот светски рекет сигурно ќе испадне.

Најдобриот светски тенисер не успеа да обезбеди настап во финалната битка на „Адриа Тур“ откако го загуби вториот сет на мечот против Александар Зверев.

Новак Ѓоковиќ го освои првиот сет со 4:0 после 12 одиграни минути, но го загуби вториот во кој Зверев направи брејк и дојде до израмнување.

Тоа значи дека веројатно Филип Крајиновиќ ќе оди во финалето, а првиот светски рекет сигурно ќе испадне.

Потсетување, Крајиновиќ го совлада Ѓоковиќ (4:2, 2:4, 4:1), а денеска беше подобар и од Виктор Троицки (4:0, 4:3).

Поради еднаков број на победи, Крајиновиќ беше посилен „во кругот“, откако Ноле можеше да победи со 2:1, но само доколку со загубен сет успее да стигне до учинокот од +10 на Крајиновиќ, а тоа го можеше само со максимлни 3:4, 4:0, 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот