Годишниот преглед 2025-2026 покажува богата филмска понуда во киното „Синеплекс“
Во текот на минатата година во киното „Синеплекс“ беа прикажани повеќе од 60 различни филмови, што ја потврдува богатата и разновидна кинопрограма понудена пред македонската публика.
Препорачано
Меѓу најуспешните проекции во 2025 година, во топ 10 најгледани филмови се најде македонското остварување „Диџеј Ахмет“, што означи една значајна пресвртница – домашен филм што се избори за своја позиција меѓу најгледаните наслови на годината. На списокот се и филмовите „Лило и Стич“, „Мајнскрафт“, „Конџуринг“, „Невозможна мисија: финална одмазда“, „Соник 3“, „Ф1 – филм“, „Мусафа“, „Филм за Штрумфовите“ и „Гол пиштол“.
Првата сезона на летното кино на отворено, организирана во 2025 година од „Синеплекс“ (Cineplexx) и „Скопје сити мол“, се покажа како значајна новина во културната програма на градот и привлече голем број посетители. Сите проекции беа распродадени во рок од неколку часа, а вкупниот број на посетители надмина 10.000, со вкупно 30 прикажани филма на отворено.
Особено значајна беше светската премиера на филмот „Гол пиштол“ („Naked Gun“), што ја одбележа програмата, при што дистрибутерите го препознаа потенцијалот и важноста на летното кино како платформа за истакнување на нови филмски проекти.

Значајно за летното кино беше и одбележувањето на 20-годишнината на најгледаниот македонски филм на сите времиња – „Бал-кан-кан“, со проекција која по две децении повторно беше одржана пред публика во Скопје.
По успешната прва година на „Rooftop Open Air Cinema“, „Синеплекс“ повторно ја најавува реализацијата на летно кино и за 2026 година, со уште поразновидна програма и поширок избор на филмови што ќе ги привлекуваат љубителите на филмската уметност на отворено.
Мултиплекс-киното „Синеплекс“ ја започна 2026 година со голем успех – српскиот филм „Свадба“ собра над 25.000 гледачи во Скопје, додека во цела Македонија бројката надмина 35.000 гледачи. Најочекувани филмови во 2026 година се „Одисеј“, „Ѓаволот носи Прада 2“, „Дуна 3“, „Авенџерс: Думсдеј“, „Мајкл“ и други.

Од 11 март, на репертоарот ќе се најде и македонската драма „Уште една игра“ (One More Game), со главни улоги на Тони Михајловски, Ведран Чешарек и Петар Маниќ. Филмот претставува современа тин-драма што ги обработува темите од светот на „гејмањето“ (играње видеоигри) и предизвиците со кои се соочува едно конзервативно општество.
„Синеплекс“ ја најавува 2026 како година со уште поинтензивна програмска динамика, очекувајќи зголемен интерес и посилна посетеност од страна на кино-публиката, поттикната од богатата филмска понуда и привлечните наслови што следуваат.


