Годишната изложба на фотографии на Фото клуб „Елема“ е поставена во Галерија „Рудиќ“ во Скопје
Изложбата „Елема 2024“ го означува креативниот и творечкиот континуитет на ФК „Елема“ низ долгите години постоење и промовирање на фотографската уметност.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како прва годишна клубска изложба таа ги најавува идните активности на клубот кои ќе бидат претставени во периодот што следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите и слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата, за што „Елема“ секогаш имала капацитет.
Со големата поддршка на Галерија „Рудиќ“ и заложбата на членовите на клубот, изложбата станува достапна на љубителите на фотографската уметност. Фотографската изложба на клубот „Елема“ ќе биде отворена на 2 април, во 19 часот.






На изложбата „Елема 2024“ се изложени фотографии на познати и реномирани македонски автори, меѓу кои Раде Луковиќ, Дејан Гилески, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.


