Го препороди АЕЛ: Чедомир Јаневски реди победи во Кипар

Чедомир Јаневски со нов тренерски предизвик во Кипар/фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

На поранешниот селектор на Македонија Чедомир Јаневски му оди одлично на клупата на АЕЛ Лимасол.

Вечерва во натпревар од деветтото коло АЕЛ на гости славеше победа од 0:3 против Акритас Члорака. За Јаневски ова беше четврти триумф во петтиот натпревар од кога седна на клупата. Од можни 15 бодови тој освои дури 13 и АЕЛ со него изгледа одлично на теренот.

Треба да се спомене дека кога тој дојде во клубот АЕЛ беше некаде на дното на табелата, но во период 40-тина дена колку што е во клубот тој направи тим кој може да се бори дури и за излез во Европа.

Јаневски низ кариерата беше на клупата на голем број клубови, меѓу кои Црвена звезда, Клуб Бриж со кој го освои Купот на Белгија во 2007 година, а една година порано со грчкиот Олимпијакос како помошник тренер дојде до трофеите во првенството и купот на таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот