„Го гледав Елмас на минус осум во Скопје, Олимпија не сакаше да плати 400.000 евра“

Фото: elifelmas24/Instagram

Во вечерашното студио на „Аренаспорт“ во најавата за Лигата на шампионите гостуваше Ранко Стојиќ, а во еден дел тој го коментираше и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и истакна дека во времето додека бил спортски директор на Олимпија сакал да го доведе Елмас во Словенија.

Наполи на Елиф Елмас вечерва игра против Ајнтрахт Франкфурт, Елиф натпреварот го стартува од клупата за резерви. Во делот кога зборуваше за Елмас тој откри дека македонскиот „дијамант“ не се преселил во Олимпија затоа што сопственикот на клубот не сакал да плати 400.000 евра.

„Елмас имаше 17 години сакав да го доведам во Олимпија. Бев во Скопје и го гледав на температура од минус осум. Бев задоволен од тоа што го видов и му соопштив на газдата, но тогаш Мандариќ не сакаше да плати 400.000 евра, сметаше дека се премногу. Шест месеци по тој натпревар, Елмас се пресели во Фенербахче и сите видовме дека беше грешка што не го доведовме во Олимпија. Денес, Елмас е еден од најдобрите во Наполи“, истакна Стојиќ.

Елмас сезонава со шест гола е трет стрелец на Наполи веднаш зад Осимен и Кварцхелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот