Го фатила мажот како ја изневерува па го продала на љубовницата за 15 евра (ФОТО)

Нема намера да го прими назад!

Жена од Кенија го привлече вниманието на странските медиуми откако, наводно, го продала мажот на жената со која ја изневерувал за само 1700 кениски шилинзи (околу 15 евра).

Откако го фатила мажот како ја изневерува во нивниот брачен кревет, Една Муквана го исфрлила од домот и го спречила да се врати една недела, пред да одлучи да и го понуди на продажба на љубовницата за 15 евра.

Не е јасно дали навистина очекувала одговор од љубовницата на мажот, но кога добила противпонуда, одлучила да ја искористи. Парите ги искористила за купување на нова облека на децата за Нова година, пренесуваат локалните медиуми.

Une femme du nom Edna Mukwana a choqué de nombreuses personnes au Kénya, après avoir ”vendu” son mari pour 1700 Ksh,…

Publiée par Édjôkê.comgogo sur Samedi 4 janvier 2020

„Кажа дека ќе ми испрати 2000 шилинзи (околу 18), но ми испрати само 1700, односно 15 евра“, изјави Муквана. „Ги искористив сите пари за да им купам на децата нова облека за Нова година“.

Кога ја прашале дали има шанси да го прими мажот назад, изјавила дека тоа нема да се случи бидејќи „не сака да ја започне новата година со маките од 2019 година“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот