Глупости и гротескно: Ник Кејв ги дочека „на нож“ песните создадени од вештачката интелигенција

Ник Кејв/ Фото EPA-EFE/Olafur Steinar Gestsson DENMARK OUT

Австралискиот музичар Ник Кејв доби од почитувачите стихови создадени „во стилот на Ник Кејв“ со помош на новата програма за вештачка интелигенција Chat GPT и оцени дека „смрдат“.

Кејв ги дочека „на нож“ стиховите кои по пример на неговите дела ги произвела вештачката интелигенција, пишува „Политика.рс“.

Ник Кејв песната произведена од софтверот „напишана во стилот на Ник Кејв“, ја нарече „глупости и гротескно исмејување на тоа што значи да се биде човек“.

Одговарајќи му на Марк, пејачот рекол дека десетици обожаватели, „од кои повеќето имаат некаква стравопочит кон алгоритмите“, му испратиле песни создадени од Chat GPT.

„Доволно е да се каже дека не го чувствувам истиот ентузијазам околу оваа технологија. Разбирам дека сето тоа е сè уште во зародиш, но можеби тоа е ужасот на новонастанатата вештачка интелигенција – дека таа засекогаш ќе биде во повој, бидејќи секогаш ќе мора да оди понатаму, а насоката е секогаш напред, секогаш побрза“, напиша Кејв.

Според австралискиот кантавтор, пишувањето добра песна не е мимикрија, репликација или пастиш, туку сосема спротивно. Музичарот ја оценува ситуацијата како дел од автентична творечка борба што му претходи на откривањето на единствена лирика со вистинска вредност, соочување без здив со нечија ранливост, со својата опасност, со својата маленкост, спротивставено на чувството на ненадејно шокантно откритие; тоа е спасителен уметнички чин што го разбранува срцето на слушателот, каде што слушателот во внатрешното делување на песната ја препознава сопствената крв, сопствената борба, сопственото страдање.

Кејв, кој пишува песни за новиот албум со своите „Bad Seeds“, истакнува дека можеби звучи како да сфаќа сè премногу лично, но тој е текстописец кој, токму во овој момент, е ангажиран на пишувањето песни.

„Тоа е работа од крв и желудник, овде на мојата маса, која бара дел од мене за да се покрене нова и свежа идеја. Тоа јa бара мојата човечност“, порачува уметникот.

Кејв, сепак, издвои неколку строфи од вештачки создадените стихови „Имам оган од пеколот во очите“, наведувајќи дека тие се донекаде вистинити.

„Имам оган од пеколот во очите – а тоа е Chat GPT“, заклучи Кејв.

„Не ми оди“: Ник Кејв подготвува нов албум

Ник Кејв: Канје Вест е најголемиот уметник на нашата генерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот