Глумицата ја шокираше јавноста: Мојата петгодишната ќерка уште носи пелени

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Глумицата Кристен Бел (39), позната по улогата на Вероника Марс, пред пет години ја роди ќерката Делта, а сега ја шокираше јавноста кога откри дека девојчето сè уште носи пелени.

EPA/WARREN TODA

Кристен ја води емисијата „Momsplaining“, во која раскажа дека нејзината 7-годишна ќерка Линколн многу се разликува од помалата ќерка, особено кога се работи за престанување на носење пелени.

„На мојата постара ќерка кога имаше 21 месец и сугериравме да го користи тоалетот. После тоа веќе не користеше пелени“, раскажа Кристен.

Потоа непријатно ги изненади гледачите.

EPA/MICHAEL NELSON

„Моментално мојата помала ќерка има пет и пол години и уште носи пелени. Секое дете е поинакво“, заклучи Бел.

Кристен двете деца ги има со Даг Шепард, а откри и како ги поминувале деновите во карантин.

„Правиме уметнички проекти околу куќата. Имаме неонска боја за сликање и ги боиме камењата да сјаат во темно. Се поврзуваме едни со други“, раскажа глумицата.

EPA/PAUL BUCK

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот