Глобалното затоплување го направи јули 2023 година најтоплиот месец во историјата

Архива

Во месец јули 2023 година ќе бидат урнати топлинските рекорди, бидејќи се предвидува дека глобалната просечна температура за овој месец ќе биде околу 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, се вели во анализата на Универзитетот во Лајпциг, објавена денеска.

Во услови на големи топлотни бранови, практично е извесно дека јули ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот.

Овој јули ќе биде најмалку 0,2 степени Целзиусови потопол од јули 2019 година, што беше најтопол во изминатите 174 години мерења, покажуваат податоците на Европската унија.

Разликата помеѓу оваа година и јули 2019 година е „толку значителна што веќе можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека ова ќе биде најтоплиот јули“, изјави климатологот од Лајпциг, Карстен Хаустејн.

Некои научници веруваат дека јули оваа година би можел да биде дури и најтоплиот месец во изминатите 120.000 години, додава Би-би-си.

Светската метеоролошка организација на ОН (СМО) исто така соопшти дека е „исклучително веројатно“ јули 2023 година да достигне рекорд, но оти нема отворено да зборува за тоа додека не бидат достапни сите конечни податоци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот