Глобалното затоплување го стопи највисокиот планински врв во Шведска

Највисокиот планински врв во Шведска го загуби овој статус како последица на глобалното затоплување, потврдија научниците, откако поради покачените арктички температури се намалил неговиот глечер.

„Тој е вистински симбол. Ова очигледно е јасен сигнал за сите во Шведска дека работите се менуваат“, изјави Гунхилд Нинис Росквист од Универзитетот во Стокхолм.

Кебнекајзе, што се наоѓа на крајниот север на Шведска, има два врва и откако во 1880 почнале мерењата, јужниот секогаш бил повисок. При последното мерење на 3 септември, Росквист утврдила дека северниот врв сега е повисок за 1,2 метра и изнесува 2.096,8 метри.

Јужниот врв на Кебнекајзе денес е понизок за 24 метри во споредба со 1960-ите.

Шведска лани ги имаше најтоплите мај и јули досега, при што просечната температура била 10 Целзиусови степени над нормалното. Големите арктички пожари дополнително придонесле за топењето на глечерот на Кебнекајзе.

„Глечерот на јужниот врв имаше статус на икона во Шведска. Сега гледаме како климатските промени се одвиваат пред наши очи и колку брзо ни ги менуваат планините“, вели Росквист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот