Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

epa08986719 A view of a logo of biopharmaceutical company CureVac at the main building in Tuebingen, Germany, 04 February 2021. German biotech firm CureVac produces the 'CVnCoV' vaccine against Covid-19. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Главниот научник во Светската здравствена организација, Соумија Сваминатан изјави денеска дека резултатите од клиничките тестирања на вакцината „КјурВак“ биле разочарувачки.

Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ се покажала ефикасна во 47 отсто случаи во текот на тестирањата.

– Беше разочарувачко да се видат резултатите од тестирањето на КјурВак, изјави Сваминатан на прес-конференција.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти вчера дека не е подготвена да наметне праг на ефикасност од 50 отсто за вакцините против Ковид-19, додавајќи дека и се потребни целосни податоци од испитувањата за добро да ги процени користа и ризиците од вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот