„Гладијаторските борби“ меѓу деца во Капиштец се „лекуваат“ со едукација
Министерството за внатрешни работи одговарајќи на прашање од „Слободен печат“ за тоа до каде е истргата и што е утврдено за организаторите и учесниците во „гладијаторските борби“ во скопски Капиштец, каде малолетници брутално се тепаа на очиглед на бројна публика која плаќала по 20 денари за гледање и 300 денари за снимање со мобилен телефон, одговара дека презеле мерки и активности. Од полицијата не посочуваат што конкретно содржат тие мерки и активности.
„Во врска со пријавениот настан од СВР Скопје преземени се мерки и активности за што е известено Основното јавно обвинителство Скопје. Во активноста е вклучено и Одделението за превенција при СВР Скопје кое организира едукативни предавања во училишта на целото подрачје што е во негова надлежност“, велат оттаму.
За детските борби во Капиштец се наплаќало присуство (ВИДЕО)
И во Москва се организирале гладијаторски ферки како во Капиштец