И во Москва се организирале гладијаторски ферки како во Капиштец

Московските ферки, се одвиваат без боксерски ракавици и се поинтензивни од скопските, децата се поагресивни, и гледачите помалубројни.

На озлогласената апликација Телеграм, пред три месеци осамнаа слични снимки на оние кои деновиве ги вознемирија и македонските родители – деца крвнички се тепаат во импровизирани рингови во шума, како гладијатори, додека нивни соученици ги гледаат, навиваат и снимаат со мобилен телефон.

Организатори на гладијаторските борби во Москва, како што откри полицијата, беа повозрасни тинејџери, средношколци, а мотивите за ваквите борби, се испостави дека беа пари. Средношколците организатори на гладијаторските борби во Москва, ги собирале парите од облозите за тоа кој ќе победи во крвничките пресметки во кои помлади деца, од 10 години си разменувале боксови, се удирале по главата и буквално се газеле едни со други.

Московските ферки, се одвиваат без боксерски ракавици и се поинтензивни од скопските, децата се поагресивни, и гледачите помалубројни.

Министерството за внатрешни работи, десетти ден по пријавата за организираните борби меѓу малолетници во Скопје, не открива повеќе детали за тоа кои се организаторите и учесниците во гладијаторските „ферки“ меѓу скопски ученици. Во меѓувреме видео снимките од борбите, открија дека тие се случуваат среде бел ден, на игралиште во скопски Капиштец, во непосредна близина на населено место и парк со детски реквизити. За гледање од учениците се наплаќало 20 денари, а за снимање 300 денари. Кај кого завршиле парите и кај кого се вршеле уплатите, не е познато.

„Слободен печат“ денеска стапи во контакт со повеќе директори на скопски основни училишта, но сите негираа дека нивни ученици учествувале во гладијаторските ферки од видео материјалите и апелираа јавноста да остави полицијата да си ја заврши работата. Иако Законот за високо образование во членот 5 уредува дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротиставуваат на сите облици на дискриминација и насилство, сепак директорите побрзаа да се оградат од тоа дека учениците се од нивните установи, а за осуда не стана ниту збор.

Од Министерството за образование, пак, ни изјавија дека во соработка со МВР се ангажираат за да го расветлат случајот и да ги пронајдат организаторите и учесниците.

Оттаму не заборавија да потсетат дека активностите не се случиле за време на училишните часови и во училиштата, па дека МОН нема директна надлежност за постапување.

,,Но, како што посочивме, во комуникација со останатите институции, локалните самоуправи и со самите училишта, активно работиме и ќе продолжиме да работиме со цел анулирање на појавите од овој тип на начини како што наложуваат правните прописи во земјата кои го регулираат доменот на нашето работење” ни изјавија од МОН.

Борби на деца во скопски Капиштец (ВИДЕО)

 

За детските борби во Капиштец се наплаќало присуство (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот