Ѓурчиновски учествуваше на состанокот на DECI: Со приклучувањето на иницијативата ја потврдуваме нашата определба за јакнење на регионалната безбедност

Фото: Министерство за одбрана

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска присуствуваше на состанокот на началници на Генералштабови (НГШ) на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната- DECI (DEfence Cooperation Initiative) во Загреб, Република Хрватска, каде го означи нашето формално приклучување во оваа безбедносна иницијатива.

По воведното обраќање од министерот на одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, состанокот е отворен од страна на НГШ на Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, кој истакнал дека приклучувањето на Република Северна Македонија во DECI ќе биде корисно и од значење за понатамошното функционирање на оваа безбедносна иницијатива.

-На состанокот, на кој учествуваат и командантите на здружената команда на НАТО во Неапол, на КФОР, на ЕУФОР-АЛТЕА и на командата на меѓународните копнени сили (MLF), низ стручна расправа се разгледувани повеќе актуелни теми кои влијаат на безбедноста во регионот, како и улогата на овие операции на НАТО и ЕУ врз зајакнување на регионалната стабилност, информираат од Генералштабот.

За времетраењето на состанокот ќе се дискутира за можноста за градење капацитети, зајакнување на заедничката обука и соработка, вклученоста и влијанието на иницијативата во меѓународните безбедносни организации и унапредување на поддршката на заеднички проекти, меѓу кои и придонесот во мултинационалните командни и воени структури на НАТО и ЕУ.

-Со нашето приклучување во оваа безбедносна иницијатива, уште еднаш ја потврдуваме заложбата за зајакнување на соработката и безбедноста на регионално ниво, како услов за непречен просперитет на регионот, истакнал Ѓурчиновски во првата панел дискусија.

На крајот од состанокот ќе се утврди понатамошната динамика на активностите и состаноците, со што од страна на началниците на Генералштабовите ќе се потпише заедничка изјава и концептуален рамковен документ.

Во текот на престојот во Загреб, генералот Ѓурчиновски во меѓусебните разговори со своите колеги ќе опфати и повеќе теми од заемен билатерален интерес во полето на одбраната, како и за можностите и начините за зајакнување на дијалогот за безбедноста и стабилноста на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот