Ѓорѓиоски поради аматеризам ја напушти Каламата: „Тука не би успеал ни Жозе Мурињо“!

Македонскиот тренер Илчо Ѓорѓиоски се раздели со грчкиот фудбалски второлигаш Камалата чија соработка траеше три ипол месеци.
За тамошните медиуми поранешниот претседател на ФФМ изјави имаше големи недоразбирања со раководството на клубот кое го нарече „аматерско“.
Имаше важечки договор на една ипол година, но го водеше тимот само на 12 натпревари.
– Преку медиумите дознав дека добив отказ, за ова никој од клубот не ме информираше. Уште на стартот имаше негативна енергија, ми велеа дека немаме повеќе шанси да оствариме успех и дека мора веќе да се фокусираме на правење тим за следната сезона, а потоа почнаа проблемите. Добивав сугестии кого да внесувам во игра, пред гостинските натпревари патувавме дури и 15 часа и доаѓавме пред почетокот на мечевите. Дури два ипол месеци се чекаше програмата за развој на играчи. Без да знам беа ангажирани двајца играчи. Нормално, треба да го прашаат тренерот доколку им требаат нови фудбалери. Тие земаа пет напаѓачи и ниту еден играч од средниот ред. Исто како на пример Манчестер сити да земе сега петмина како Халанд, а ниту еден како Кевин де Брујне. Ова раководство е потполно аматерско, дури и Жозе Мурињо не би успеал тука да направи тим – вели Ѓорѓиоски.
Во својата тренерска кариер ги водеше и Македонија ЃП, Вардар и Брегалница Штип.