Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде првата општина каде нема да се чека за упис во градинка

Фото: Фејсбук на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Во рамките на Светската недела на детето, Општина Кисела Вода обезбеди играчки, музички плеери и дидактички материјали за детската градинка „8 Март“, со кои ќе се збогатат  учењето и играта на најмладите.

Ова е период кога децата се развиваат и ги откриваат и дефинираат своите потенцијали, па е многу значајно градинката во која го поминуваат денот да им овозможи тој процес да се одвива непречено – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека ова не е единствената инвестиција на Општината во градинките и дека за две години само за опрема и снабдување на градинките се вложени околу 17 милиони денари, а изведени се и инфраструктурни зафати, односно отворени се две нови градинки и проширен е капацитот на постоечките објекти.

Во периодот што е пред нас сме фокусирани на изградба на нови градинки, со што се надевам, Кисела Вода ќе биде првата општина која нема да има деца кои чекаат за упис, а можеби ќе можеме да им излеземе во пресрет и на другите соседни општини кои се борат со овој проблем – рече Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот