Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Ѓорческа во Мадрид ќе игра четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, обезбеди пласман во четвртфиналето на челинџер турнирот во Мадрид, откако нејзината противничка Алина Корнеева беше принудена да се повлече на стартот од вториот сет.

Иако руската тенисерка важеше за фаворит во пресрет на дуелот и тоа го потврди со освоениот прв сет (6-3), текот на мечот се промени во продолжението. Ѓорческа одлично го отвори вториот сет, направи брејк и поведе со 1-0, по што Корнеева, поради повреда, го предаде натпреварот.

Во борбата за полуфинале, македонската тенисерка ќе се соочи со Италијанката Лиза Пиџато, која моментално се наоѓа на 189. позиција на ВТА листата.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа: Пред натпревар го слушам Оливер Драгоевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот